Херојот од Тунис, како што го нарекуваат светските медиуми Британецот Метју Џејмс (30), кој кога почнало пукањето веднаш застанал пред својата свршеница за да ја заштити, веќе се чувствува подобро.
Џејмс заработи три куршуми, во рамото, градите и во колкот, кога на плажата во Сус започнаа пукотниците и терористичкиот напад. По ова, тој доби и инфаркт.
– Прими куршум за мене. Му го должам животот бидејќи се фрли пред мене веднаш штом почна пукањето. Беше прекриен со крв и само ми кажа да трчам што подалеку за да преживеам. Ми рече дека ме сака и само да тргнам и на нашите деца да им пренесам дека ги сака. Не можев да го оставам да лежи, бидејќи пукањето и понатаму траеше. Сепак го послушав. Побегнав назад во хотелот, насекаде околу нас беше хаос. Во базенот пливаше мртво тело опкружено со крв. Не можам да објаснам колку беше страшно бидејќи многумина ги загубија животите – изјави неговата свршеница Сара денот по пукањето.
Тие го посетиле Сус на две недели за да се одморат, а децата ги оставиле дома кај другите од семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.