Министерството за внатрешни работи на Италија ги советуваше своите државјани во случај да патуваат во Западен Балкан да бидат внимателни, бидејќи се можни терористички напади.
На мапата, која според податоците на министерството ја објави порталот „Кореире“ им се препорачуваат мерки на внимателност на сите Италијанци што планираат да патуваат во Западен Балкан.
Министерството за внатрешни работи на Италија ја означило Црна Гора како потенцијална точка во која терорстите би можеле да влезат.
На мапата со портокалово е означено „не патувај ако не е неопходно“, „не се препорачува“ со црвена боја и „без посебен ризик“ со зелена боја.
Официјален Рим наведува дека во оваа мапа се вклучени и пристаништата Анкона и Бари, кои би можеле да бидат евентуална цел за терористичи напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст