| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за генералниот директор на Стопанска банка – Битола

ПС Прилеп поднесе кривична пријава за Д.М.(60) од Битола, втор генерален директор на Стопанска банка – Битола, за злоупотреба на службена положба и овластување.

Пријавениот, во периодот од 2009 до 2010 година, како законски застапник и втор генерален директор на Стопанска банка – Битола, поради неисполнување на обврските од Договорот склучен меѓу правниот субјект „Металец конструкции“ и „Алпине Бау ГМБХ“, каде што како гарант била Стопанска банка – Битола, неместо да пристапи кон активирање на гаранцијата и отштета на банката, иницирал вонсудско решавање, а во меѓувреме и погрешно ги информирал членовите на Управниот одбор при одобрување и склучување на новата девизна гаранција за извршување на работните активности, постапувајќи спротивно на Законот за трговски друштва.

Со овие дејства ѝ нанел штета на Стопанска банка – Битола во износ од 945.126 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top