| четврток, 6 декември 2018 |

Пет нови инвестиции со 2.900 нови вработувања

stranski-investicii-660x400Само во последните десетина дена, премиерот Никола Груевски објави пет нови инвестиции.

На конференцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Груевски објави три нови инвестиции што ќе значат повеќе од 1.200 вработувања, а претходната недела, на прославата за 25- годишнината на партијата, објави уште две нови кои ќе значат нови 1.700 вработувања, или за десет дена 5 инвестиции и повеќе од 2.900 вработувања.

-Деновиве министерот Бил Павлески ме информираше за две нови инвестиции. Тој ме информираше дека се завршија преговорите со една компанија за производство на делови за автомобилска индустрија, главни компоненти во секој автомобил, и самата компанија веќе донела одлука на бордот на директори да инвевестираат во нова фабрика во Пробиштип, во која планираат да вработат 280 луѓе и да инвестираат 15 милиони евра.Тие веќе регистрирале фирма во Македонија и ги ангажирале првите неколку вработени. Според најавата, во првата половина на јули, менаџерскиот тим планира да дојде со цел да го потпише договорот со владата – рече Груевски .

Министерот Павлески, рече Груевски, го информирал дека друга германска компанија за производство на електрични уреди исто така донела одлука на нивниот борд на директори да инвестираат во ТИРЗ Скопје 30 милиони евра и да вработат 500 лица.

-И тие веќе регистрираа компанија во Македонија и отворија канцеларија и ги имаат вработено првите неколку луѓе.Уште повеќе што оваа компанија пред две недели потпиша договор со ТИРЗ за закуп на парцела на која ќе се гради фабриката, рече Груевски.

Премиерот нагласи дека од друга страна неделава министерот Висар Фида најавил дека една швајцарска компанија која произведува соларни панели има донесено интерна одлука за инвестиција од 11 милиони евра и до 500 вработувања, исто така во зоната во Скопје.

avtomobili industrijaИнаку, претходно премиерот Груевски на прославата на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ најави и  две глобални компании од индустијата за производство на делови за автомобилската индустрија.

-Дозволете да споделам две убави информации вечерва со вас, кои информации од компании со кои подолго преговараме, деновиве ми ги пренесе директорот на слободните економски зони, Виктор Мизо, а тоа е дека две глобални компании од индустијата за производство на делови за автомобилската индустрија, во изминатите неколку денови донесоа интерни одлуки за инвестирање во Македонија, и истите планираат да ги објават на крајот на ова лето – објави Груевски.

Едната со својата инвестиција ќе вработи 300 невработени лица почнувајки од јануари 2016 година и ќе се стационира во Скопје.

-Втората ќе вработи околу 1.500 невработени лица, најверојатно во југоисточниот дел на Македонија,  а инвестицијата и работењето ќе  почне во постоен објект оваа есен и паралелно есенва ќе ја почне градбата на нова фабрика, која целосно треба да заврши на почетокот на 2017 година – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top