По концертот во Скопје „ДНК“ заедно со својот бенд ја продолжуваат летната концертна турнеја низ Македонија.
Панчо и Андреј најавуваат перформанси со многу емоции и позитивна енергија кои никого нема да остават рамнодушен.
Целосната концертна агенда за месец јули е следна:
Сабота, 04 јули, Клуб 54-Велес
Петок, 17 јули, Пиво Фест- Прилеп
Петок, 24 јули, Плоштад- Ресен
Сабота, 25 јули, Плоштад- Пробиштип
Недела, 26 јули, Плажа Кадмо- Охрид
Панчо и Андреј заедно со нивниот бенд (Танче Гроздановски – гитара, Никола Бочваров – бас, Сашо Стојановски – тапани, Влатко Георгиев – сајзер, Горан Папаз – сакс и придружните вокали, Маја Саздановска, Сара Николовска и Ана Костадиновска) Ве канат на незаборавни перформанси какви што беа оние кои ги наполнија Универзална Сала, Метрополис арена, и неодамна одржаниот концерт во летниот клуб „Привилиџ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.