Марио Балотели беше еден од најнадежните фудбалери, но сега 25-годишниот фудбалер на Ливерпул е во сосема поинаква ситуација. Од играч за чиишто услуги постојано беа заинтересирани европските гиганти, дојде во ситуација да нема понуда за него. Ливерпул сака да го продаде, но проблем е превисоката плата што популарнито Супер Марио ја има на „Енфилд Роуд“. Тој има договор до 2018 година и нето-плата од четири милиони евра годишно, примања што ниту еден клуб не е заинтересиран да ги покрие за да го ангажира.
Опцијата да засили некој од трите турски гиганти, Галатасарај, Фенербахче или Бешикташ пропадна, ниту Сампдорија во Италија не е заинтерсирана да ја плаќа огромната годишна плата на Балотели, па останува опција со заминување во САД во тамошната МЛС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.