Македонците во Албанија го добија првиот информативен портал на мајчин јазик.
Од денеска со работа почна првиот информативен портал на македонски јазик во Албанија (www.pustec.com), кој ќе има за цел на македонски мајчин јазик да ги информира Македонците кои живеат во Албанија, но и пошироко.
Од редакцијата на порталот Пустец информираат дека целта е жителите Македонци навремено и точно на македонски јазик да бидат информирани за случувањата во Албанија, Македонија, регионот и светот.
Од таму додаваат дека со овој проект ќе успеат да го зачуваат и ќе придонесат за збогатување и усовршување на македонскиот јазик кај жителите Македонци кои живеат во Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија