Новата сезона на Моден Викенд Скопје – пролет / лето 2013 ќе се одржи од 1 – ви до 14 – ти април. Програмата на седмото издание, кое е водено од мотото „Минато, сегашност, иднина – Секогаш е време за мода“, ќе биде исполнета со најразлични модни ревии и перформанси, изложби, проекти.
Во рамките на седмата сезона ќе се претстават: Никола Ефтимов, Росица Мршиќ, Тања Кокев, VIBRAZIONI by Александра Митковкса, Роберт Ивановски, Елена Спасовска, Јована Филиповиќ, MCouture by Мила Кадриу, Hard to Explain и Mikka design, Ирина Тошева, Стефанија Насеска, Никола Петровски, Маја Кикириткова, Христина Деспотовска, Лидија Георгиева, Сека Радончиќ, студенти од факултетот за моден дизајн на Европски Универзитет Р. Македонија, како и „Виба текс“, „Деа Споса“, „Дума“, „ЛеБранд“ и „Елена Лука“. По вторпат на најголемата модна манифестација во Скопје ќе се претстават и сестрите-дизајнерки од Србија, Тијана и Мила Поповиќ.
Оваа сезона „Моден Викенд Скопје“ организира и проект „Ретроспектива на модата во Македонија 1983 – 2013“, поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, со кој ќе се долови процесот на создавање на колекции кои не познаваат граници.
Во рамките на конкурсот кој беше организиран од Амбасадата на Соединетите Американски Држави – Скопје и Модниот викенд Скопје (FWSK) на тема „ПОП! Мода“, на гала вечер во Амбасадата, своите модели ќе ги презентираат финалистите: Алмир Мили, Ана Камчева, Арта Шаќири и Мешите Лочи, Елена Додевска и Хана Миленковска, Елена Ивановски, Еми Норис, Гордана Вренцоска, Ивана Цветковска, Ксенија Котева, Марио Милосов, Марио Додовски, Орнела Јордановска и Виктор Цветановски, кој исто така ќе се претстави со својот моден перформанс во шоу-румот на Моден Викенд Скопје.
Програмата на „Моден Викенд Скопје“ е збогатена и со проектот “READY TO WEAR” SKOPJE CITY MALL – FASHION WEEKEND, кој претставува сосема поинакво модно случување кое има за цел да прерасне во традиција на прослава на уличната мода. Настанот ќе се одржи на приземје во трговскиот центар, во коридорот помеѓу кафе баровите Play и Trend. Просторот ќе наликува на вистинска модна писта на која своите најнови модни колекции ќе претстават повеќе брендови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст