| четврток, 6 декември 2018 |

Рубенс Муратовски ја освои наградата за најдбар актер на Фестивалот „Гола месечина“

Со претставата „Џон Пиплфокс“ од Душан Радовиќ во режија на Коле Ангеловски, а во продукција на Драмски театар Скопје заврши натпреварувачкиот дел на Интернационалниот фестивал на комедијата „Гола Месечина 2015“ кој се одржуваше во скопската општина Аеродром.

rubens muratovski

 

Овој фестивал е организиран од Театар Комедија, а финансиски е подржан од Општина Аеродром и Министерството за култура на Република Македонија и има натпреварувачки карактер.

Жирито во состав Лилјана Мазова – претседател на жири, Катерина Коцевска –член, Бојан Трифуновски – член го наградија Рубенс Муратовски за најдбра машка улога за улогата Мартин во претставата „Чолак“ од Мартин Мекдонах во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Драмски Театар Скопје.

„Стабилниот и темелен Муратовски создава омнипотентен карактерен израз во инаку силната актерска екипа на претставата“ се вели во соопштението на Театар Комедија.

Наградата за најдобра режија ја доби Адмир Гламочак за претставата „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стефан Синклер, во продукција на „Алт театар“ – Сараево, Република Босна и Херцеговина.

Гран-при наградата ја доби претставата „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и од Стефан Синклер.

„Колективната актерска енергија на оваа неверојатно талентирана генерација, заедно со прецизното и интелегентно адаптирање на текстот на Мекартен и од Синклер создадоа прекрасна, жива, храбра, многу смешна театарска претстава  која со огромно задоволство и феноменални реакции беше проследена од  публиката“, се вели во образложението на жири-комисијата, која оваа година не ја додели наградата за најдобра женска улога.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top