| четврток, 6 декември 2018 |

Катанија си купила 5 меча за 500 илјади евра

katanija

Претседателот на Катанија, Нино Пулвиренти призна дека учествувал во местење на натпревари во Серија Б, а откри и колку чинел еден купен меч. Тарифата била по 100 илјади евра, а Пулвиренти за да и обезбеди опстанок на својата екипа пазарел 5 натпревари, за кои платил 500 илјади евра.

Пулвиренти беше притворен во акцијата на италијанската полиција, а тврди дека од местенките немал ќар, односно дека не се обложувал на веќе познат исход.

Катанија ги купила натпреварите со Варезе, Трапани, Латина, Авелино и Тернана. Во два од нив играат македонски играчи. Стефан Ристовски настапуваше за Латина, а Никола Јакимовски беше член на Варезе.

Пулвиренти е 11 години на чело на Катанија, клуб кој речиси сигурно ќе биде преселен во понизок ранг, по признанието на првиот човек дека се местеле натпревари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top