Нова детска градинка ќе добие населбата Пинтија во општина Кисела Вода. Министерот за труд и за социјалнa политика Диме Спасов и градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ денеска го поставија камен-темелникот на детската градинка, која ќе биде со капацитет за 90 деца. Градинката ќе се простира на површина од 480 кавадратни метри и ќе биде со три простории за деца од предучилишна возраст и една јасли.
Министерот Спасов истакна дека со оваа детска градинка ќе се реши долгогодишниот проблемот на жителите од оваа населба, кои, кончено, ќе добијат катче каде што ќе бидат згрижувани нивните деца.
Спасов посочи дека Министерството ја поддржа изградбата на оваа градинка со четири милиони денари со кои ќе се набави опремата во градинката, а градежните работи ги презема самата општина.
-На наше големо задоволство, а, исто така, на големо барање на жителите на населба Пинтија, така како што ветивме и ветувањето практично и го остваруваме. Градбата на градинката е целосна инвестиција на oпштина Кисела Вода во износ од над осумнаесет и пол милиони денари – истакна Беличанец.
За изградба на градинката општина Кисела Вода од буџетот издвои околу 18 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



