| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на германски и руски романтизам на „Скопско лето“

Концерт со наслов „Германски и руски романтизам“ на пијанистот Волфганг Мајнц од Нирнберг ќе се одржи вечерва, во 20.30 ч., во Музејот на градот Скопје, во рамките на манифестацијата „Скопско лето“.

skopsko leto

На програмата ќе бидат дела од Роберт Шуман, Феликс Менеделсон и Сергеј Рахмањинов. Волфганг Мајнц (1960г.) е добитник на многу престижни награди на меѓународни пијанистички натпревари. Настапувал на турнеи низ многу светски центри, како Берлин, Брисел, Лондон, Токио, Москва и др.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top