Утре во Нион УЕФА ќе го обелодени домаќинот за Суперкупот на Европа за 2017 година, за што во игра е и Македонија и националната арена „Филип Втори”.
Позитивно е расположението во европските фудбалски кругови Скопје да биде организатор на овој настан во 2017 година, но сепак треба да се почека до конечната потврда, пренесува „Екипа“. Ако се потврдат очекувањата, утрешниот ден би можел да биде историски за македонскиот фудбал, за Скопје и за Македонија, кои би добиле можност да бидат центар на европскиот и на светскиот фудбал, вели Филип Поповски, генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија.
Скопје и Националната арена „Филип Втори” имаат големи шанси да бидат домаќини на Суперкупот на Европа во 2017 година. Тоа е натпревар меѓу екипите победници во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Скопје е кандидат за организацијата на Супер купот во 2017, а Кардиф и импозантниот „Милениум стадион”, очекуваат да бидат домаќини на финалето од Лигата на шампионите во 2017 година. Годинава Суперкупот на Европа ќе се одржи во Тбилиси, Грузија, а за трофејот ќе се борат Барселона и Севилја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на 13 октомври го пречекува Лихтенштајн
-
Комитите ќе ја платат најголемата цена: Натпревар на „Филип Втори“ ќе го чини Вардар до 40 000 евра, ќе се покачат цените на влезниците?
-
УЕФА објави сторија за малиот херој Јане (видео)
-
„Телеком“ го раскинува договорот, националната арена го враќа старото име „Филип Втори Македонски“?