Летната туристичка сезона во Крушево почна со школата за гитара под менторство на Влатко Стефановски и концертот на женската група „Марјанке“ од Сплит, Хрватска.
Овие настани, како што соопшти општина Крушево, се вовед во многубројните содржини кои годинава се предвидени во рамки на програмата „Крушевско културно лето 2015“, која е поддржана од Министерството за култура и од Општината. На 5 јули на градскиот плоштад „Никола Мартиноски“ ќе може да се ужива во годинaшното издание на „Баскерфест“, а 15 јули е резервиран за Сашко Коцев.
Во следните денови, на истото место, 44 деца од различна етничка и верска припадност ќе заиграат „зумба“ и ќе ја пренесат својата порака „Зборуваме различно, танцуваме исто“ во рамки на програмата „Градиме мостови“.
Со „Бела ноќ“ на 24 јули почнува 17-дневниот „маратон“ каде секојдневно ќе се реализираат многубројни културни настани. Веќе следниот ден 25 јули е свеченото отворање на манифестацијата „Крушево етно-град“, а паралелно со оваа манифестација ќе се реализираат и програмските активности од проектот „Денови на влашката култура“.
Од 31 јули почнува и одржувањето на НКС „10 дена Крушевска Република“, кои ќе траат до 10 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



