| четврток, 6 декември 2018 |

Луда понуда на ПСЖ за Нејмар, на маса се 190 милиони евра

Богатите Катарци што се сопственици на Пари Сен-Жермен не жалат пари во обидот „светците“ од Париз да ја освојат Лигата на шампионите, а најновата понуда за ангажман на Нејмар е безмалку луда. Претседателот на ПСЖ, Ал Келаифи, најави дека ќе се обиде да го доведе бразилскиот ас од Барселона за 190 милиони евра.

Нејмар ја освои круната со Барселона и тоа на три фронта годинава, во домашниот шампионат, во шпанскиот куп и во Лигата на шампионите, вели дека му е одлично во каталонскиот гигант, но… Парите го вртат светот, а ако ПСЖ ја плати отштетната клаузула, постои голема веројатност Нејмар да се пресели во Париз. Како што во 2000 година Луиш Фиго премина од Барселона во Реал Мадрид со неверојатните за тој период 60,1 милиони долари платена отштета од Флорентино Перез на сметката на Барса.

NEjmar

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top