Во Домот на културата „Иван Мазов–Климе“ во Кавадарци е во тек целосна промена на старите столчиња со нови во големата сала, инвестиција за која средства доделија Министерството за култура на Република Македонија и Локалната самоуправа на општина Кавадарци. Така в среда, на 1 јули 2015, со првиот предвиден настан во салата, кавадаречките љубители на културата и уметноста ќе можат да уживаат во подновениот амбиент на кавадаречкиот Дом на култура.
Што се однесува до настаните, во понеделник на 29 јуни од 20 часот, во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ ќе биде отворена изложба графики на Момчило Аврамовски од Куманово. Се работи за 25 графики работени во техниката линорез и комбинирана техника, насловени како „Чудесен свет“. Координатор на изложбата е Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово.
Аврамовски припаѓа на постарата генерација на македонските академски уметници, коишто сé уште се активни, со потврден творечки континуитет. Извонредна можност за љубителите на ликовната уметност од Кавадарци да се запознаат со творештвото на овој истакнат македонски академски ликовен уметник.
Во среда, на 1 јули 2015, со почеток од 20.30 часот,Театарот при Домот на културата од Кавадарци по подолго време, а по барање на публиката, ќе ја изведе претставата „Лазо“, работена врз текстот „Оскар“ од Клод Мание. Додека пак во ворник на 7 јули 2015, со почеток од 20.30 часот кавадаречкиот Театар ќе се претстави пред матичната публика со уште една гледана претстава – „Сомнително лице“ по текст на Бранислав Нушиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст




