| четврток, 6 декември 2018 |

Историско злато за српските кошаркарки

Hungary Eurobasket Women 2015

Женската кошаркарска репрезентација на Србија го освои златниот медал на Европското првенство што се одржа во Унгарија.

Во финалето Србинките ја совладаа селекцијата на Франција со 76-68 и направија големо изненадување, со оглед на тоа дека не беа меѓу главните фаворити за медал пред почетокот на натпреварувањето. За нив ова е прв медал на ЕП од осамостојувањето.

Со триумфот на ЕП, репрезентацијата на Србија обезбеди и директно учество на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Избраничките на селекторот Марина Маљковиќ одиграа одличен меч, а фантастична партија имаше Ана Дабовиќ, која постигна 25 поени и беше прогласена за најкорисен играч на финалето. Зад неа со 22 поени беше Соња Петровиќ.

Бронзениот медал го освои Шпанија со победа од 74-58 над Белорусија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top