| четврток, 6 декември 2018 |

Стотици милиони евра се повлечени од кипарските банки во Лондон и во Москва

Стотици милиони евра се повлечени од Кипар од претставништва на кипарските банки во Лондон и во Москва во периодот во кој обичните жители на земјата не можеа да повлечат од банкоматите суми поголеми од 100 евра на ден.
Наводно, во Кипар се слушаат остри критики упатени на адреса на гувернерот на Централната банка на Кипар, Паникос Димитриадис, кој за време на кризата дозволи да продолжат со работа филијалите на Банка на Кипар и Кипарската народна банка во Лондон, поради што  беше овозможено повлекување големи суми од сметките во кипарските банки во британската престолнина, како и преку една од руските банки во Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top