Вчера на автопатот Бренер во Италија во сообраќајна несреќа животот го загубил 29-годишниот Б.А од Гостивар. Според тамошните медиуми тој изгубил контрола врз своето возило марка „Сеат Ибица“ и влелегол во спротивната лента по што дошло до директен судир со камион. Судирот бил фатален за 29-годишниот гостиварец кој починал на лице место, а со полесни повреди се здобил возачот на камионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.