–Владата годинава ќе исплати 1.340.00 евра, односно по 10 илјади евра за секој млад земјоделец со цел да ги стимулира младите кои сакаат да отпочнат сопствен земјоделски бизнис- најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски.
На годишната конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски истакна дека договорите за годинава се склучени и оти останува земјоделците да ги реализираат планираните инвестиции и да ги достават документите до Платежната агенција за да им бидат вратени во целост инвестираните средства до 10 илјади евра.
– Ова е одлична можност за луѓето кои сакаат да започнат со производство и добра можност за отпочнување на сопствен земјоделски бизнис. Продолжуваме со истата мерка и следната година со апел, што повеќе млади луѓе кои сакаат да ја искористат оваа мерка да се информираат и вклучат- нагласи Груевски пред членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Блокиран патот Радовиш-Струмица, земјоделците протестираат
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Димитриевски: СДС си поигра со маката на земјоделеците и им скрати цели 24 милиони евра