Со исценирана криза, со нелегално стекнати и креирани телефонски разговори, некој создаде криза, и се бори колку што може подолго таа да трае. Зошто? За да се падне економијата, народот да се разочара, и да гласа за СДСМ. Просто е. Многу е едноставно. Прави и штета на сопствената земја, и обвини го ВМРО- ДПМНЕ за тоа, а потоа прибирај ги разочараните гласови. Просто е, ама и многу себично истовремено. И многу на штета на својот народ и на својата држава- рече Груевски денеска во Скопје на 24-та годишна конференција на Унијата на млади сили на партијата.
-Не знам уште колкумина веруваат на приказната од типот дека ние сами себе сме се прислушувале, Мијалков сам себе се снимал, јас сум се снимал себе и слични глупости и инсинуации, но знам дека има една работа од која сите овие заговорници на оваа теорија бегаат како од ѓавол, а тоа е дека двајцата ангажирани агенти на Верушевски, од кои едниот бил главен инжињер во МВР вработен во 1993тата а вториот бил шеф на петтата управа во времето на Верушевски, целосно признаа се што било и како било, и тоа токму пред истражните органи, пред сведоци, пред вклучени официјални камери која согласно закон го снимила нивниот исказ, пред обвинител, со личен потпис, и во целосна законска процедура. Двајцата си кажале дека нарачките за нелегалното снимање и парите кои ги примале за тоа, не ги добивале од Мијаков туку токму од Верушевски, кој гордо им кажувал дека работи за странска разузнавачка служба која сака да ги има разговорите на македонските политичари и од власта и од опозицијата. А знаете ли зошто признаа? Затоа што за време на истрагата, македонските истражни органи ја откија целокупната нивна пишана скајп- комуникација, во која во минатите години ова трио прилично отворено комуницирало и се договарало, од што делови веќе излегоа и во медиумите.А оној кој велеше дека речиси да не го познава Верушевски, стигна до тоа дека и кола му купил, и за работна виза во друга држава му средил и дека често го примал на гости. Оној кој пред два три месеци, истиот тој човек ја лажеше јавноста дека скоро и да не го познава Верушевски -посочи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата