-Она што е значајно за Македонија е да не му се дозволи на овој човек и на оние околу него да смислат причини за да не се реализира договорот од втори јуни. Ве уверувам дека тој ќе направи се за да пропадне договорот а предвремени избори да нема. Не го интересира ни измени на законот за избори, ни странски набљудувачи, ни пречистување на гласачкиот список, ни ништо. Се тоа му е второстепено- посочи премиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ во обраќањето на прославата на Унијата на млади сили, а во врска со надминувањето на политичката криза.
-Првостепено што го интересира што е тоа што ВМРО ДПМНЕ не може да го испорача на неговите барања, за да го побара јавно тоа, и тоа да му биде изговор за одложување на изборите. Затоа што кога во една прилика неодамна му понудив избори оваа есен а не идната пролет, и тој ги одби, еден од присутните зачудено му се обрати и му кажа дека тој невидел досега ситуација власта да нуди, а опозицијата да одбива предвремени избори. По правило опозицијата е таа која ги бараа, или барем глуми дека ги бара, им порача истиот. Знаејки дека ќе ги загуби тие избори, Заев бара и ќе бара нелогични работи за кои народот одлучува, а не тој. Тој тоа го знае, но тој всушност бара спас од претстојните пролетни избори, после кои ќе треба да ја напушти политиката поразен и избркан од народот во Македонија. А истото ги чека они 20тина што се врткаат околу него кои статираат на неговите прес конференции- оцени Груевски во своето обраќање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата