| четврток, 6 декември 2018 |

Компаниите на Заев земаат владини субвенции

kornisoni-Гледам пред некој ден, објавиле дека преку давањето на субвенции на земјоделците власта го купувала на тој Иво од кого Заев најбезобазно бараше мито за себе и за брат му. А да го прашам јас од оваа говорница: владата дава субвенции и на неговите фирми кои произведуваат корнишони. Да не го поткупивме ние и Заев со субвенциите што ги зема за да работи за ВМРО и да снима риалити шоу за земање мито и личен данок од бизнисмените, за чисто онака да ни учини. И онака самиот изјави дека богаството го направил во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ – посочи премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на годишнатѕа прослава на УМС.

-Какво глупаво оправдување… Се сеќавате ли кога овој човек говореше во јавноста дека се плашел дека ВМРО-ДПМНЕ ќе му пуштела некој човек на јавно место да му тутнел пари во скутот, за потоа да сме можеле да го уапсиме. И потоа зборење, следуваше видео снимката на која лично тој бара мито и раскажува дека воспоставил систем за земање на митото, кој систем повеќемина кои ги наброи веќе го испочитувале. Очигледно, кој си ја има мувата на капата, и си ја ишка.Или на заменичката негова да не и тутне некој пари за кириите на становите каде живее- порача Груевски од спортскиот центар Јане Сандански.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top