-Изградивме над 80 нови спортски сали, 50 игралишта за голем фудбал, се градат 120 тениски терени терени од кои околу половина се завршени, се градат и 100 мултифункционални игралишта, од кои над пола се завршени.Се овозможи и градба на големи спортски сали за големи собирања како Борис Трајковски и Јане Сандански, но и националната арена Филип Втори Македонски. Се градеа и се градат станови за млади брачни парови по повластени цени. Се спроведе проект со кој во одредени денови младите луѓе имаат бесплатен пристап во културните институции и јавниот превоз со воз и со градски автобус.Паднаа акцизите и царините, па илјадници млади луѓе дојдоа до автомобил, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.