Британската полиција денеска спречила терористички напад на Исламската држава за време на воената парада по повод Денот на оружените сили во Лондон, откако од новинар кој работел инкогнито ги добила податоците за планот.
Весникот „Сан“ наведува дека еден од водачите на огранокот на ИД му дал задача на новинар на тој весник, кој лажно се претставил како терорист, да изврши напад за време на воената парада.
Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека безбедносните мерки ќе бидат зајакнати за време на јавните собири, како што е воената парада и годишната геј парада, која, исто така, ќе биде одржана денеска.
Шефот на полициската антитерористичка служба Марк Роли изјави дека безбедносните мерки се зајакнати заради неодамнешните настани, а не како одговор на конкретна закана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



