| четврток, 6 декември 2018 |

Слика на Либерман „Двајца јавачи на плажа“ продадена за 1,87 милион фунти

Сликата „Двајца јавачи на плажа“ од германскиот уметник Макс Либерман се продаде за 1,87 милион фунти на неодамнешната аукција во „Сотби“ во Лондон. Ова е прво дело од приватната колекција на Корнелиус Гурлит што се продаде на аукција. Првата процена на „Сотби“ била дека сликата на Либерман, која датира од 1901 година, би се продала за 550 илјади фунти.

287551262

Ова платно е едно од над 1.600 запленети уметнички предмети од станот на Гурлит во Минхен и вилата во Салцбург. Во неговата колекција има на Пабло Пикасо, Марк Шагал, Анри Матис, Ото Дикс и Макс Либерман. Колекционерот Гурлит изјавил дека делата ги наследил од својот татко, кој бил посредник во купопродажба на уметнички дела што ги конфискувале или купиле нацистите. Меѓутоа, тој многу од нив ги задржал за себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top