| четврток, 6 декември 2018 |

Каратистите го обелија македонскиот образ на Европските Игри во Баку

Првите Европски Игри во Баку завршија со две медали за македонските спортисти. Каратистите го обелија образот на македонскиот спорт во Азербејџан, а со бронзи дома се вратија Емил Павлов и Мартин Несторовски.

Во вкупен пласман според бројот на медали Македонија е на 38. позиција од 42 земји што освоија медали. Седум држави не ја почуствуваа радоста нивните спортисти да се искачат на победничкиот пиедестал во Баку.

Македонија учествуваше со 45 натпреварувачи од вкупно 6.000 колку што беа дел од историјата и првите Европски Игри.

Најтрофејна земја е Русија, пред домаќинот Азербејџан и Велика Британија и Германија.

maks

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top