| четврток, 6 декември 2018 |

ФИБА конечно ја призна АБА лигата

Светската кошаркарска федерација – ФИБА конечно даде зелено светло за регионалната АБА-лига чиј дел е и македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

 По многу натегања, барање за реорганизација, менување на сопственичката структура и преговори, ФИБА во текот на вчерашниот ден упати известувања до сите федерации кои преку свои претставници партиципираат во АБА лигата, а меѓу нив е и Македонската кошаркарска федерација.
Во известувањето од ФИБА потпишано од високите претставници на оваа организација Патрик Бауман и Камил Новак се потврдува дека нивните барања се исполнети.
– Би сакал да потврдам дека документацијата што ја испративте, во врска со писмото на ФИБА од 20 јуни е во потполност со барањата кои ги поставивме. Вашето барање е проследено до Бордот на ФИБА Европа, кој ќе се состане во недела во Будимшешта, пишува во соопштението што е испратено до сите засегнати федерации, меѓу кои и МКФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top