| четврток, 6 декември 2018 |

Операцијата „Рамазан“ сее смрт: ИД презеде одговорност за Црниот петок

Исламската држава во три координирани напади што беа извршени на ист ден, на вториот ден од муслиманскиот празник Рамазан, изврши смртоносни напади со 199 жртви на три континенти Европа, Азија и Африка.

Само пред неколку дена, портпаролот на ИСИС Абу Мухамед ал-Аднани ги повика поддржувачите да започнат со нови напади, велејќи им на симпатизерите дека оние кои умираат “маченички” за време на Рамазан ќе добијат поголем благослов од оние кои умираат во другите периоди од годината.

Во Кобане, градот-симбол на борбата на терористи и Курдите, извршија напад, при што загинаа 146 мажи, жени и деца. Според сведоците, во Кобане се пукало во “сè што се движи”, додека од борбите во Хасака веќе избегаа 60.000 луѓе, а се очекува да избегаат сите 200.000.

Потоа вчера, одекнаа три фатални терористички напади, во рок од неколку часа – прво е нападната фабриката за гас во Лион, Франција, како и масакрите во Кувајт и Тунис, при што џихадистите на социјалните мрежи ги слават нападите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top