| четврток, 6 декември 2018 |

Во Италија уапсен бомбаш член на Ал Каеда

policija italijaИталијанската полиција уапсила бомбаш, член на Ал каеда, обвинет за нападот во 2009 година во пакистан кога загинаа над 100 лица. Осомничен е и за криење на друго лице кое е осомничено за планирање на самоубиствен бомбашки напад во Италија. Полицијата го уапсила на римскиот аеродром Фјумичини каде долетал од Исламабад.

Апсењето е дел од широка противтерористичка операција која почнала во април, во која до сега се затворени десетмина, а се бараат уште осуммина осомничени дека се дел од вооружена група која планирала напади во Пакистан, Авганистан и во Ватикан. Уапсениот е дел од осуммината, а групата е составена од Пакистанци и Авганистанци.

Уапсениот се товари дека во Рим, а потоа и во Олби на Сардинија, криел потенцијален бомбаш- самоубиец.

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Анџелино Алфано посочи дека власта го кренала степенот на подготвеност заради можната опасност од напади како и дека е засилен полицискиот надзор врз потенцијалните цели за напад.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top