Европската унија го прогласи Французинот Жак Делор, кој е поранешен претседател на Европската комисија во периодот 1985-1995 година, за „Почесен граѓанин на Европа“. Ваквата одлука, усвоена од лидерите на ЕУ на дводневната средба во Брисел, денеска ја соопшти претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.
Делор, кој оваа година ќе го прослави 90-тиот роденден, се смета за еден од архитектите на современата ЕУ.
– Јас веројатно сум единствениот европски политичар, кој лично работел со него, наведува Јункер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.