| четврток, 6 декември 2018 |

Мигрантка од Сирија се породила во Гевгелија

migranti moreМигрантка од Сирија денеска се породила во Гевгелија откако претходно била забележана од страна на патролен тим од полициската станица Богородица и пренесена во Здравствениот дом поради породилни болки. Полицијата потврди дека таа заедно со таткото на детето се забележани во близина на граничната линија околу 11 часот.

Лекарскиот тим во Здравствениот дом во Гевгелија ги извршил сите потребни оперативни дејства и мајката е во стабилна состојба. Од страна на родителите дадено е име на девојчето и како што информира полицијата ќе отпочне постапката за комплетирање на потребните документи за детето и за добивање извод на родените.

По проверката на идентитетот, утврдено е дека станува збор за М.С.(1987) и А.Н.(1994), двајцата родени во Дамаск, а живееле во Јармук кампот кај Дамаск. Заради тамошната состојба, пред околу два месеца заедно со група од околу 40 лица тргнале со возила до турската граница по што пеш влегле во Турција од каде повторно со возила сигнале до Измир. Оттаму со мал брод илегално стигнале на островот Самос, во близина на Кушадаси, каде побарале помош и полиција за да се пријават мислејќи дека со тоа за нив патувањето е завршено и ќе можат слободно да патуваат до Германија. Пријавени се и имаат грчки документи со датум од 18 и 20 јуни издадени од страна на грчката полиција. После еден ден, двајцата сами тргнале со брод за Атина, а оттаму со воз кон Солун каде се споиле со друга група мигранти и тргнале пеш за после три дена да дојдат до македонската граница.

Двајцата сириски мигранти сакале да одат за Германија каде имале роднини кои веќе добиле азил и се наоѓаат во градот Хамбург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top