Oфицијалните претставници на Европската Унија изразија шокираност во терористичките напади во Тунис, Кувајт и во Франција и ветија дека Европа како единствена ќе соочи со терористите.
–Овие напади покажуваат дека сите ние сме цел, Арапи, Европејци, муслимани и немуслимани- рече високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини на крајот на денешниот самит на европските лидери во Брисел.
Таа рече дека, сепак, со симултани напади во три држави на два континенти, терористите постигнале спротивен ефект од оној што го очекувале.
-Наместо да не поделат , со ваквите напади не обединуваат- посочи Могерини која додаде дека веќе разговарала со арапските лидери.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по самитот пред новинарите остро ги осуди нападите и изрази сочувство кон семејствата на жртвите.
Триесетина лица, најмногу туристи, се убиени денеска во одморалиштето Сус во Тунис, а одговорноста се припишува на џихадистите на Исламската држава. Се стравува дека бројот на бомбашкиот напад врз џамијата во Кувајт е поголем од десет, додека во нападот врз фабрика во францускиот град Гренобл, еден работник е обезгавен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


