Неколку часа по нападот врз фабриката на југот од Лион и загинувањето на најмалку едно лице, министерот за внатрешни работи, Бернард Казенев, даде неколку информации за идентитетот на главниот осомничен за нападот.
Според иследниците, станува збор за Јасин Салхи, жител на Сен Приест, во близината на Лион. Според информациите на „Монд“, тој е роден во март 1980 година и е на возраст од 35 години. Тој немал криминално досие, но бил „регистриран со картичка С“ од тајните служби во 2006 година, но следењето не било обвновено во 2008 година.
Тие картички се користат за да се идентификуваат осомничените за радикалисти.
Бернард Казневе, наведе дека Салхи бил набљудуван за неговите врски со салафистичко движење, но не е познато дека е поврзан со терористи.
Јасин Салхи беше уапсен во дворното место на фабриката со повреди на главата откако бил совладан од пожарникар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


