| четврток, 6 декември 2018 |

Ориќ екстрадиран во БиХ

Воениот командант на муслиманите Бошњаци во Сребреница, Насер Ориќ кој беше во екстрадициски притвор во Швајцарија, денеска е екстрадиран во Сараево.

naser-orik-600x396

Ориќ според босански медиуми е предаден на Граничната полиција на БиХ и подоцна ќе биде во надлежност на Обвинителството на БиХ кое против него води истрага во Окружното обвинителство во Бијелина.

Засега не се знае дали нему ќе му биде одреден притвор.

Ориќ беше уапсен на 10 јуни во Женева по потерница од Србија за злосторства извршени во близина на Сребреница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top