Бројот на умрени лица од насилна смрт во Република Македонија во 2014 година е намален за 10,7 проценти во однос на претходната година и изнесува 493 умрени лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2,5 проценти.
Во структурата на умрените од насилна смрт според полот и во 2014 година, како и во претходните години, повеќе се мажи, или 74,6 проценти.
Од вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „несреќните случаи“ со 63,1; „самоубиствата“ со 29,8 и „убиствата“ со 7,1 проценти.
Во категоријата „несреќни случаи“ најголемо учество имаат умрените лица од „други надворешни причини за случајна повреда“ со 26,2 проценти. Во категоријата „самоубиства“ на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради „бесење, странгулација и суфокација“ со 15 проценти.
Во категоријата „убиства“ најголемо учество се случаите од „oбид за нанесување на телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје“ или 3,2 проценти во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.