Царинската управа на Република Македонија во контрола на 176 малопродажни објекти и ресторани откри 27 случаи на нелегална продажба на акцизни добра – алкохол и тутун.
Како што соопшти Царинската управа, привремено се задржани 238 литри алкохол и 11 килограми режан тутун за пушење, за што се спроведуваат законски предвидените прекршочни или кривични постапки.
Минималните казни за прекршоци се 3.000 евра за правното лице и 500 евра за одговорното лице во правното лице, како и забрана за вршење дејност при повторување на прекршокот, додека за кривичните постапки е предвидена парична казна и казна затвор.
Неправилности се откриени во Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Велес, Делчево и во Неготино.
Контролите се извршени на 24 и на 25 јуни, а Царинската управа најавува дека во согласност со плановите ќе продолжи со редовни контроли на акцизните добра во малопродажба на целата територија на Република Македонија со цел спречување нелегален промет на акцизни добра и заштита на конкурентноста, спречување на неплаќање давачки и заштита на здравјето на луѓето кое може да биде загрозено со употреба на вакви непроверени производи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.