| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсено уште едно лице осомничено за нападот во близина на Лион

A French Gendarme blocks the access road to the Saint-Quentin-Fallavier industrial area

Втор осомничен, кој веројатно го возел автомобил-бомбата што експлодира во фабриката за гас во Сен Кантен Фалавие, е уапсен, изјавија француски претставници.

Нападот бил извршен од 35-годишен маж со име Јасин Сали, изјави францускиот министер за надворешни работи Бернар Казенев.

Напаѓачот им бил познат на специјалните служби, кои го поврзувале со салафистички кругови, но не бил уапсен во злосторство. Фигурирал во базата на податоци на разузнавањето како радикализирано лице, но немал судско досие, додаде Казенев.

Тој успеал да убие и да обезглави едно лице, да повреди двајца и да ги крене во воздух боците за гас, складирани во фабриката.

Во моментов се идентификува телото со отсечена глава, изјави Казенев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top