Туристи, главно од Британија, денеска беа мета на уште еден терористички напад во Тунис, во местото Сус.
Според „Ројтерс“, бројот на жртвите е 27.
Наводно, нападот се случил на плажа во близина на хотелот, а напаѓачите се милитанти од исламската држава.
Како што јавува „Дејли мејл“, туристите панично трчале по плажата обидувајќи се да си го спасат животот откако во ресортот се слушнала силна експлозија.
Милитантите во напад на музеј во Тунис претходно убија 22 лице, главно, странски туристи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.