| четврток, 6 декември 2018 |

Романски банди ограбуваат камиони во движење по британските патишта

банди

Романски банди во Велика Британија, ограбуваат камиони додека се движат по британските патишта. приоѓајки до нив од автомобили кои возат зад товарните возила.

Според британската полиција, станува збор за мошне опасна техника за крадење, која на бандите дневно може да им донесе и по 30 илјади фунти, но на крадците им обезбедува само дневница од најмногу 150 фунти.
Автомобил на бандата, со брзина од 80 километри на час, колку што смеат да возат камионите, одзади сосема се приближува до камионот, чиј возач,  поради големината и широчината на товарното возило, не може да види што се случува. Еден од крадците излегува низ отворениот кров на автомобилот и се префрла на камионот.Со нож ја сече цирадата, или ја крши пломбата на задната врата на камионот и откако ќе влезе во него, од таму краде се што може да се префрли во автомобилот.
Не ретко, за оваа техника се користи и уште еден автомобил,  кој вози пред камионот со намалена брзина и го забавува возењето на товарното возило, за да крадците полесно го извршат грабежот.
Полицијата признава дека е вчудовидена од оваа техника на ограбување, но полициски хеликоптери веќе имаат направено низа снимки со камери на кои се гледа како се изведуваат овие напади и грабежи.
Многу често, камионџиите нема ниту да забележат што им се случило, се додека не пристогнат на местото каде се упатиле.
Првпат,  ваквите криминални операции се забележани во 2012 година.
Британската полиција, заедно со полицијата од Романија, како и од Литванија и на Европол, имаат покренато опсежна операција за разоткривање на ваквите банди.Операцијата има добиено и пошироки размери откако германската полиција, има регистрирано вакви случаи на патишта во Северна Германија.
Меѓународната операција завршува денеска и досега се откриени 50 грабежи во движење, главно на помалку фрекветни патишта, каде има помала можност бандите да бидат откриени.
Британската полиција засега има уапсено 11 романски криминалци кои се обвинети и осудени на по две години затвор.Вкупно 160 странци се откриени дека се вклучени во вакви напади врз камиони, а меѓу нив има и многумина за кои постојат меѓународни потерници.
Според британските прописи, сите тие ќе бидат депортирани од Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top