| четврток, 6 декември 2018 |

Стејт департмент: Ограничување на слободата во Турција

stejt

Стејт департментот на САД регистрира ограничување на слободата во Турција, во својот годишен извештај за положбата со човековите права во светот.

– Слабо управување на правосудството, политизираност на правосудниот систем и органите на редот, создаваат впечаток за пристрасност – се наведува во извештајот на Стејт департментот.

Во текстот се критикува турската Влада дека ја спречува слободата на изразување и здружување, како и дека не обезбедува соодветна заштита на малцинствата.

Турските власти се критикувани дека не презеле целосна истрага кон службениците на полицијата за „прекумерна сила“, применета за време на демонстрациите во 2013 и 2014, што доведе до десетина смртни случаи и голем број повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top