Напаѓач кој носел исламско знаме убил денеска едно лице, а неколку се повредени во фабрика за гас на истокот на Франција, во Сен Кентен Фалавие, во близина на францускиот град Лион, соопштија локалните власти.
Напаѓачот влегол во фабриката и активирал неколку помали експлозивни направи, рече неименуван извор.
Едно обезглавено тело е пронајдено во близина на фабриката, изјави друг извор.
Нападот уследи речиси шест месеци откако исламски екстремисти во Париз и неговата околина во јануари убија 17 лица откако го нападнаа сатиричното списание „Шарли ебдо“.
Министерот за внатрешни работи Бернар Казенев рече дека веднаш ќе замине на местото на нападот, соопшти неговиот кабинет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.