Покрај популарните Малме и Стокхолм во Шведска, „Визер“ отсега ќе лета и Скопје – Гетеборг. Со оваа најнова дестинација, „Визер“ очекува во текот на 2013 година да пренесе 350.000 патници преку аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, што претставува пораст од 300 отсто во споредба со 2012 година.
Почетната цена на авиобилетите е 1.690 денари – за билет во еден правец со вклучена такса за резервација, а заинтересираните патници веќе можат да резервираат билети за оваа дестинација.
За време на денешната посета на Скопје, извршниот потпретседател на „Визер“, Џон Стивенсон, изјави: „Денешната најава претставува уште една добра вест за локалниот туризам и за жителите на Скопје. Скандинавските земји стануваат сѐ поинтересни за туризам низ Европа и јас лично очекувам дека и Македонија ќе стане многу популарна за нашите шведски клиенти, кои ќе имаат можност да го запознаат Скопје благодарение на евтините авиобилети на „Визер“. Истовремено, нашиот список од 10 дестинации од скопскиот аеродром им дава на македонските клиенти досега невиден избор. Никогаш од Скопје не можело да се лета до толку дестинации со нискотарифни билети. Со нашата љубезна услуга, чест ни е што ние во „Визер“ ќе можеме да понудиме многу повеќе на патниците од Македонија“.
– Навистина сме среќни што сега македонските граѓани можат да летаат до толку многу дестинации од скопскиот аеродром. „Визер“ почна со Лондон и Венеција, потоа отворија база во Македонија и воведоа шест нови линии, како и најновите дестинации – Стокхолм и Гетеборг. Очигледно, „Визер“ се задоволни со услугите на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и ние со задоволство ќе продолжиме да ги опслужуваме и „Визер“ и нашите драги патници во 2013 година и понатаму.
До Гетеборг ќе се лета секој понеделник и петок во 17.20 часот, со воздухоплов од типот „ербас A320“ и времетраењето на летот е 3 часа и 5 минути.
Гетеборг, сместен на западниот брег на Шведска, е светски познат по квалитетната морска храна, туристичкото морско сафари и можностите за спортски риболов. Од неодамна, Гетеборг е и многу популарно место за љубителите на кајакарството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Не им чинеа досегашните: Владата ги спушти критериумите за избор на авиопревозник
-
Дојде живот: „Виз ер“ ги укинува летовите од Скопје до Барселона и Ваксјо како и од Охрид до Лондон
-
Колку месеци пред да ви истече пасошот може да патувате во странство?