Во општата поплава на разни музички натпреварувања, Тијана Дапчевиќ (39) вели дека би била среќна да биде член на жирито во некој од нив.
За оваа улога е повеќе од квалификувана, бидејќи има завршено Музичка академија, а освен со музика, се занимава и со глума, па добро се разбира и во сценскиот настап, пишува српски „Ало“. Покрај тоа, има богато естрадно искуство, но, никој никогаш не ја поканил да биде член на жири и таа не крие дека и е криво за тоа.
– Нема да зборувам кој се седи по разните жириа и кој е колку компетентен да коментира и да ги насочува младите луѓе. Би било без врска, веднаш некој би кажал дека сум љубоморна. Затоа ми е подобро да си ја гледам својата работа и своето мислење да си го задржам за себе. Разбирливо е дека би сакала да бидам во некое жири, но што да правам кога никој не ме сака, а јас не можам со сила да се наметнувам – искрена е Тијана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.