Вчера во 18 часот и 20 минути во СВР Велес е пријавено дека од четвртиот кат на интерното одделение на Градската болница во Велес се фрлил старец, кој починал, јави МИА.
Според информациите од портпаролот на СВР – Велес, Анита Стојковска, станува збор за 91-годишниот Илија М. од Велес, кој бил пацинет во интерното одделение.
Екипа на СВР Велес изврши увид на местото на несреќата. Се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре