Редовното внесување на течности е од клучна важност за здравјето на организмот, особено во летниот период, земајќи го предвид фактот дека дури 2/3 од човековиот организам е сочинет од вода. Губење на најмалку 2% течности му создава на нашето тело природна конфузија и проблеми со помнењето. Ваквиот податок што не смее да се занемари и треба да претставува своевиден аларм за течностите да ни бидат постојано на дофат на рака.
Освен тоа, со доволна хидратација, се штити и одржува кожата, имунитетот, се ублажува заморот и можната појава на камен во бубрегот. Покрај внесувањето на водата, освежувачко дејство нудат и ледените чаеви, кои што се одлично средство за хидратацијата во топлите денови.
Во текот на летната сезона, во затворените, климатизирани простории се губи телесната влага преку кожата. Токму поради тоа, особено е важно изгубените течности да се надокнадат, со цел да не настане несакана дехидратација на организам. Без разлика дали се наоѓате во вашиот дом, на работното место, пешачите или пак возите велосипед, освен водата и ледените чаеви добро можат да ја завршат својата главна намена, да ви ја вратат енергијата и да го снабдат вашиот организам со потребната течност и електролити. Ледениот чај е скоро задолжително освежување и разладување додека сте на плажа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст