| четврток, 6 декември 2018 |

Даглас Кошта со трет најскап трансфер во историјата на Баерн

daglas

Баерн Минхен се засили со напаѓачот на Шахтар Донецк, Даглас Кошта, а трансферот чини 35 милиони евра и ќе биде трет најскап во историјата на баварскиот клуб.

Кошта моментно игра за Бразил на Копа Америка, а Баерн си доби екстраквалитетен офанзивен играч кој е млад и има 24 години.

Трансферот на Кошта според парите што ќе му бидат платени на Шахтар е трет најскап зад тој на Хави Мартинес, кога Баерн одвои 40 милиони евра, и на Марио Геце, за кого Борусија Дортмунд доби отштета од 37 милиони евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top