| четврток, 6 декември 2018 |

Ги чека ли Русија и САД „поларна зима“?

Cold-War-610x356

Долга „поларна ноќ“ се задава над односите меѓу Москва и Вашингтон – независно кој ќе ја управува Русија, пишува „Расискаја газета“.

Оваа прогноза ја направи американскиот министер за одбрана, Ештон Картер, по неговата еднонеделна обиколка на европските држави. Иако е прилично песимистична, таа, сепак, не е сензационална. Картер го рече тоа што го чекаат од него државите од стариот свет со пронатовски предзнак. Во манир на „чувар на царевиот двор“, министерот внимателно ја истакна позицијата со цел да си го зачува местото во секоја нова администрација, независно кој ќе добие на изборите – републиканците или демократите.

Во контекст на политичката конјуктура во Вашингтон, зборовите на Картер изгледаат како мека интерпретација на повоинствената реторика на адреса на Москва од страна на кандидатите за Белата куќа. И беа изречени затоа што шефот на Пентагон сфаќа дека во следните шест години не се очекуваат изненадувања поврзани со „руското прашање“.

Хилари Клинтон, која е фаворит на Демократската партија во претседателската трка во САД, но исто и претендентите за највисоката позиција помеѓу републиканците: Џеб Буш и милијардерот Доналд Трамп, ја ставаат Русија меѓу потенцијалните противници на Вашингтон, но не ја исклучуваат можноста за дијалог со Москва по одделни проблеми.

Во суштина, кандидатите всушност сметаат за малку веројатно едно затоплување на односите со Русија. Со изјавата дека американската влада и нјеизните сојузници од НАТО, тргнуваат кон понатмошна конфронтација со Русија, а Картер само ги откри идеите на учеснците во предизборната кампања – идните вашингтонски „босови“.

Стручњаците не еднаш посочуваа дека Пентагон намерно го преувеличува обемот на тнр. руска закана. Со каква цел?

Одговорот повторно лесно го наоѓаме во изјавата на Картер: „Денес Европа веќе не е истата онаа како за време на Студената војна, тоа е Европа на денешнината и ние се  обидуваме да го подготвиме Нато за одговор на новите предизвици“.

Освен Германија, лидерот на системот на одбраната на САД ќе го посети Талин, каде ќе разговара со воените министри од балтичките држави, а потоа ќе направи обиколка на централата на Нато во Брисел. Шефот на Пентагон таму ќе ја разгледува адаптацијата на пактот кон новите услови во врска со украинската криза, и за заострувањето на односте со Москва.

Со изјавата за трајно спротивставување со Русија, Картер праќа сигнал кон најверните сојзунции на САД во блокот дека ветувањето за располагање со американската воена техника и контингент се долгорочни и нема да бидат ревидирани, дури и ако Вашингтон продолжи да соработува со Русија во „важните сфери во доменот на атомската програма на Иран и во борбата против тероризмот“.

Што се однесува до земјите од Стариот свет кои зазеле побалансирана позиција, односно поумерен дијалог со Москва, министерот за одбрана на САД недвсмислено им препорачува да си го проверат мислењето: Пентагон се враќа во Европа на подолг рок.

Пред министрите за одбрана од алијансата кои заседаваат на 24 и 25 јуни во Брисел, се очекува Картер да соопшти каде точно во Европа ќе биде распоредена американската воена техника – околу 250 тенка М1 Ејбрамс, ракетни лансери на и хаубици самохотки. Во општи црти се знаат и претстојните решенија. Освен Германија, меѓу државите кои се подготвени да примат американско оружје се спомнуваат и балтичките држави, потоа Бугарија, Полска и Романија. Како што изјави командантот на копнените војски на САД во Европа, генерал-полковник Бен Хоџис, постоењето на американската воена техника вп земјите од Источна Европа „би го олеснило спроведувањето на подготовките со нашите сојузници во тие држави“.

Европскте планови на НАТО ги коментира и главниот командант на силите на алијасата во Централна и Источна Европа, генерал Ханс Лотар Домрозе. Според него, како прва етапа се предвидува да бидат создадени командни пунктови во шест источноевропски и балтички држави. Во втората етапа такви штабови ќе се формираат во Унгарија, Словачка и во Грција. Тие ќе вклучуваат по 40 луѓе – офицери од 20 држави. Покрај штабовите ќе бидат израдени складови за муниција, сервисирање и за санитетски инвентар.

Во своите јавни настапи, раководството на НАТО го објаснува обемот на своите операции во Европа со „реална закана од страна на Москва“. Но малкумина од инаку виско позиционираните генерали од алијансата веруваат во таа верзија. Причните за општоевропската мобилизација која ја спроведува Пентагон, беа отворено посочени во весникот Волстрит џорнал од Едвард Лукас, потпретседател на Центарот за анализи на европската политика: „САД, како што е ситуацијата сега во Европа, ќе се заложи да преземат ризик и да трошат пари… Без американско раководство, регионалната безбедност ќе биде подривана од спорови заради националните карактеристики“.

Демонстрираната закрила на Европа против наводни руски закани, е од најголемо геополитичко значење за Вашингтон. Според Лукас, евентуалната принудна смена на режимот – дури и не преку воена сила – во која и да било европска држава подржувана од Пентагон, ќе има катастрофални последици за Америка, а на прво место во тихоокеанскиот регион. Локалните сојузнции на САД – Јапонија, Тајван и Јужна Кореја „едвај и да имаат доверба во американските гаранции за безбедност“.

Не ли е тука основниот мотив за успешно спроведување од Вашингтон на општата мобилизација во Европа, без постоење на закана всушност од кого и да било? Ќе потсетам во врска со тоа како одговори шефот на руската претседателска администрација, Сергеј Иванов, запрашан од Фајненшел тајмс за заканата од руското воено мешање во земји од Нато: „Не обвинуваат за се и сешто, но ние како што бевме со старите граници така и остануваме, но затоа пак НАТО се приближува кон нас. Од година во година“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top