| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата „3 минути и 53 секунди“ од Берт Стајн

В петок, на 26 јуни, петок, во 21:00ч. во холот на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи промоција на книгата „3 минути и 53 секунди“ од Берт Стајн.
unnamed
Се работи за еден вид анализа не само на музиката како рефлексија на општествените и политичките збиднувања во светот и кај нас, туку за една поширока општествено културолошка анализа.
Книгата ќе ја промовира издавачот Роберт Алаѓозовски од „Готен“ и Игор Анѓелков од „Или-или“.
Освен промоцијата, ќе има и изложба на колажите од книгата, музички сет со песни кои ги одбележале годините 1984-2004 на Диџеј Шурбе, изложба на македонска винилна рок историја (Тошо Филиповски)
На страницата: http://gotenpublishing.com/bert.html  може да се прочита извадок од книгата, но и линкови за песните кои што се споменуваат во неа.
Според пребарувачот „гугл“ 3 минути и 53 секунди е просечното траење на една модерна песна, а толку време би му требало просечно на еден читател да прочита еден расказ од книгава.
Авторот ја раскажува неговата лична историја на слушањето музика, пронижана со настани од локалното секојдневие и значајни светски настани кои го одбележале периодот од 1984-2004 година. Не станува збор за музички документ, туку за едно лично видување и искуство во светот на музиката изразено преку јазикот на литературата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top