| четврток, 6 декември 2018 |

Скандинавско дерби Данска – Шведска во полуфиналето на ЕП

Скандинавско дерби меѓу Шведска и Данска ќе се игра во полуфиналето на Европското првенство за фудбалери до 21 година, што се одржува во Чешка.

swed

Во вториот меч за пробив во финалето и мечот за титулата ќе играат Германија и Португалија.

Фудбалерите на Шведска најмногу профитираа во последната рунда од фазата по групи и со погодок во самиот финиш против Португалците се најдоа во квартетот најдобри млади селекции во Европа.

Тибилинг е јунакот на „викинзите“ бидејќи тој го постигна голот вреден полуфинале во 89. минута. Претходно Португалците поведоа со голот на Пасиенсија.

Овој резултат од 1-1 ги исфрли од игра Италијанците, па победата од 3-1 над Англија е пирова бидејќи тие две селекции испаднаа.

Полуфиналните мечеви ќе се играат в сабота. Германија и Португалија ќе се судрат од 18 часот, а од 21 часот на ред е скандинавската пресметка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top